Целта на ComAct е да направи значајни подобрувања во станбените згради со кои ќе
се постигне големо влијание врз трошоците за енергетска ефикасност во земјите од
регионот на ЦИЕ и ПРСС, односно да ги направи подостапни и полесни за управување за
енергетски сиромашните заедници, како и да обезбеди неопходни услови за поддршка
за нивно издигање од нивото на енергетска сиромаштија.

Tокму поради фактот што дури и денес, луѓе со многу различни приходи живеат заедно
во иста зграда, ComAct сака да создаде ново разбирање за енергетската сиромаштија во
контекст на станбените згради во регионот на ЦИЕ и ПРСС. За да го постигне тоа, ComAct
ќе работи на зајакнување и организирање на заедниците на енергетски сиромашните
сопственици на станови заедно со најрелевантните локални чинители во еден
„екосистем“, кој овозможува енергетски ефикасно реновирање на станбените згради во
кои живеат енергетски сиромашни домаќинства.